Бездомник во Истанбул со камења ја нападнал 33-годишната американска туристка Сара Сиера, бидејќи одбила да го бакне.
Девојката дошла во Истанбул на патување, кога бездомникот и пришол и започнaл разговор со неа, по што се обидел да ја бакне. Во тој момент таа го турнала и го удрила со мобилниот телефон, а бездомникот зел камења и возвратил на најбрутален начин, убивајќи ја со силни удари.
Бездомникот го сокрил телото на девојката, кое било пронајдено на 2 февруари.
Полицијата откако го пронашла телото, го уапсила бездомникот.