Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Вјекослав Беванда изјави дека повеќене е уверен оти во земјата е можно да се постигне договор за реформите на кои инсистира Европската унија и оти БиХ „влегува во ќор сокак од кој нема излез“.
Беванда нагласи дека песимист станал по последната седница на Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во БиХ, на која, како што тврди, претставиците на Унијата ги обвиниле ХДЗ БиХ и ХДЗ 1990 „за деструкција“ во имплементацијата на пресудите во случајот „Сејдиќ-Финци“.
– Тоа за мене беше шокантна информација, рече Беванда во интервју за сараевскиот „Дневни аваз“ и додаде дека смета оти по тоа и претставниците на меѓународната заедница и политичките партии во БиХ „тргнале во погрешна насока“.
Пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот „Сејдиќ-Финци“ е всушност барање до властите во БиХ да ја елиминираат дискриминацијата на припадниците на националните малцинства од Уставот и Изборниот закон и да им овозможат кандидирање за членови за Претседателството на БиХ и за пратеници во Домот на народите на државниот Парламент.
Беванда нагласи дека е разочаран од „фактот дека во БиХ се бескрајно се политизира“.