Банката за развој на Советот на Европа обезбеди два кредита за БиХ

Од:

Шефот на Банката за развој на Советот на Европа, Ролф Венцел, соопшти денеска дека Босна и Херцеговина ќе добијат од Банката два кредита во износ од 7,5 милиони евра.

Венцел додаде дека пет милиони евра од средствата се за лицата погодени од поплавите додека 2,5 милиони евра се за кредити за мали и средни фирми.

Банката за развој на Советот на Европа ќе учествува во донаторска конференција во почетокот на јули и ќе биде дел од заедничките напори за помош на настраданите од поплавите во БиХ.

Освен тоа, Банката ќе обезбеди и 100 илјади евра помош за обележување на местата со мини во државата кои се поместија заради лизгање на земјиште минатиот месец како и за обука на млади лица за опасност од мини.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници