Бан Ки-мун пристигна во Сараево

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун допатува денеска од Скопје во дводневна посета на БиХ, која е последна станица во неговата повеќедневна турнеја низ земјите од Југоисточна Европа.

Според протоколот на посетата, планирано е Бан веднаш по пристигнувањето во Сараево да се сретне со претседавачот со Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ и членовите на Претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ и Жељко Комшиќ.

Планирана е средба и со членовите на колегиумот на двата дома на Парламентарното собрание на БиХ, како и со претседавачот со Советот на министри на БиХ Вјекослав Беванда и неговиот заменик, босанскиот министер за надворешни работи Златко Лагумџија.

Генералниот секретар на ОН со официјалните претставници на БиХ ќе разговара за актуелната политичка ситуација во земјата, европскиот пат на БиХ и соработката во регионот.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина