Авион на компанијата „Туркиш ерлајнз“ Ербас 320 набрзо по полетувањето принудно слетал на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Летот за Милано бил прекинат поради што се запалил еден од моторите.
Сите патници и членови на екипажот итно се евакуирани по принудното слетување. Нема информации за повредени лица.
Претставници на „Туркиш ерлајнз“ се уште не гоо коментирале инцидентот.