Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Њу Делхи

Од:

Авион на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ денеска принудно слета во Њу Делхи откако доби закана дека во леталото е поставена бомба, изјави претставник на индиските безбедносни служби.

Во тоалетот на авионот била пронајдена белешка дека во патничкиот авион „Ербас А 330“, кој летал од Истанбул за Бангкок, е поставена бомба.

– Во авионот имало 134 патници. Заканата за поставена бомба била пронајдена три часа од полетувањето, истакна портпаролката на „Туркиш ерлајнс“.

Претходно беше објавено дека во авионот имало  148 патници.

По слетувањето на аеродромот во Њу Делхи сите патници се евакуирани од авионот, а индиските безбедносни служби го претресуваат леталото.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција