Аталај: Евреите стојат зад протестите во Истанбул

Од:

Турскиот вицепремиер Бешир Аталај изјави дека „еврејската дијаспора стои зад протестите“ во паркот Гези во Истанбул, соопшти турската приватна агенција Џихан.

– Странски сили и еврејската дијаспора стојат зад протестите во Турција. Овие сили работеа засилено за протестните акции да нараснат, рече вчера Аталај за време на својата посета на округот Караккале, во централна Турција.

Аталај посочи дека и меѓународните медиуми, исто така, имале „голема улога во конспирацијата“ во Турција. Тој, меѓутоа, подвлече дека „оние кои се обидуваат да и попречат на патот на Велика Турција, нема да успеат“.

Протестите во Турција почнаа кон крајот на мај против плановите на властите за сечење на дрвата во истанбулскиот парк Гези, каде се планира изградба на трговски центар.

Постепено протестот во паркот Гези прерасна во антивладини демонстрации во целата земја.

Во протестите што траеја неколку недели учествуваа околу два милиона луѓе во 79 од 81 турски округ, покажуваат податоците на турското Министерство за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски