Арапска компанија ќе гради луксузен комплекс во близина на Сараево

Од:

Градежна компанија од Обединетите Арапски Емирати соопшти дека планира да изгради луксузен комплекс во вредност од 2,3 милијарди евра на планина во близина на Сараево.

Комплексот ќе се наоѓа во ски-центарот, каде пред 31 година се одржаа Зимските Олимписки игри.

Градоначалникот на општина Трново, Ибро Берило изјави дека е потпишан меморандум за соработка со директорот на градежна фирма „Бурој“ од Дубаи, Исмаил Ахмед. Проектот вклучува изградба на вили, хотели и трговски центри.

Ахмед истакна дека бил изненаден од убавината на реонот околу планината во близина на Сараево, додавајќи дека неговата компанија ќе биде подготвена да започне со градежните работи кон крајот на годинава.

Проектот ќе биде најголема странска инвестиција во оваа област во БиХ.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници