Антикинески демонстранти упаднаа во Конзулатот на Тајланд во Истанбул

Од:

Повеќе од 200 турски антикинески демонстранти синоќа упаднаа во Конзулатот на Тајланд во Истанбул поради информацијата дека во Кина е депортирана група муслимански Ујгури, објавија турските медиуми.

На повик на организацијата која ги штити правата на туркофонската заедница во Кина, демонстрантите влегоа во Конзулатот на Тајланд, при што го искршиле влезот и прозорците.

Турската полиција интервенирала и уапсила девет демонстранти.

Од почетокот на Рамазан во неколку турски градови одржани се демонстрации во знак на осуда на кинеската политика кон Ујгурите.

Владата во Анкара минатата недела го повика кинескиот амбасадор за да ги осуди рестрикциите на Пекинг воведени кон Ујгурите за време на Рамазан. Кина ги демантира таквите наводи.

Во ноември 2014 година повеќе од 300 Ујгури со фалсификувани пасоши се уапсени на Тајланд додека бегале од Кина. Турските власти соопштија дека 173 лица од таа група се примени во Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција