Една третина од српските граѓани изјавиле дека Србија се движи во правилна социјално-економска насока, покажуваат разултатите од анкетата изработна од Центарот за слободни избори и демократија.
Според анкетата, 52 отсто од испитаниците изјавиле дека лошо живеат или во неподносливи услови, а 64 проценти оцениле дека Владата ефикасно се справува во намалување на корупцијата во Србија.
Директорот на Центарот, Марко Благојевиќ истакна дека во декември минатата година 44 отсто од граѓаните изјавиле дека лошо живеат или неподносливо, а сега тој процент изнесува 52.
За 44 отсто од испитаниците основен проблем е невработеноста, за 15 проценти корупцијата и сиромаштијата. За најкорумпирани, граѓаните на Србија ги посочија лекарите.