Анкара им порача на САД: Турција не е демократија од втор ред

Од:

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери го пренесе незадоволството на Анкара поради реакцијата на Вашингтон за однесувањето на полицијата кон демонстрантите.

– Турција не е демократија од втор ред, изјавил Давутоглу во синоќешниот разговор со Кери, тврди неименуван турски дипломат.

Давутогли навел и дека протестите во Турција не се со „толкав интензитет“ како тие што ги организираше движењето „Окупирај го Вол стрит“ во 2011 година.

Турскиот министер за надворешни работи го информирал Кери дека е покрената истрага за акциите на полицијата.

САД во понеделникот изразија загриженост поради употребата на прекумерна сила од страна на полицијата врз демонстрантите и апелираа полицијата да покаже максимална воздржаност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски