Андроид неколку секунди пред земјотресот во БиХ ги предупредил корисниците

Од:

Бројни граѓани на Босна и Херцеговина, Хрватска и на Црна Гора неколку секунди пред синоќешниот земјотрес на своите Андроид телефони добиле предупредување дека ќе има земјотрес.

Овој начин на известување досега не е забележан на мобилните телефони со Андроид и поддршка од сервисот на Гугл. Системот за предупредување за земјотреси на Андроид испратил јасна порака дека граѓаните се наоѓаат во потенцијално опасно подрачје, добиле и упатства како да се однесуваат за време и после земјотресот и оти треба да бидат во готовност затоа што последователни потреси се вообичаени при смирувањето на тлото.

Системот работи така што паметните телефони имаат мали акцелерометри (уреди за мерење на забрзувањето на тело во движење) и тие можат да детектираат сигнали кои укажуваат на можен земјотрес.

Доколку телефонот детектира такво нешто, тој автоматски испраќа сигнал до серверот за детекција на земјотрес заедно со локацијата каде што се случува.

Серверот потоа комбинира информации од голем број уреди и заклучува дали навистина се работи за земјотрес. Бидејќи сè се случува со брзина на светлината (приближно брзината со која се движи телефонскиот сигнал), таа е многу поголема од брзината на земјотресот и овозможува такво брзо известување.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски