Ана Брнабиќ: Нема борба против корупцијата додека Ѓилас и Шолак се на слобода

Од:

Претседателката на Националното собрание на Србија – Ана Брнабиќ изјави дека нема вистинска борба против корупцијата додека Драган Ѓилас и Драган Шолак се на слобода.

– Нема вистинска, бескомпромисна борба против корупцијата и распространетоста на влијанија се додека Драган Ѓилас и Драган Шолак се на слобода. Болно е што сите најголеми криминалци се заштитени во Србија само затоа што се опозиција. Тоа не се политичари, тоа се криминалци кои основаа свои партии (всушност фирми) за да се заштитат од рацете на правдата. Целата нивна филозофија е – јас сум криминалец, но ако ме уапсат, секогаш можам да кажам дека тоа е политички прогон. Не се ни занимаваат со политика, само се кријат зад неа. Значи – тие не смеат да бидат заштитени! Кога надлежните органи ќе го уапсат Ѓилас, ќе знаеме дека нема недопирливи и дека имаме силни, праведни и храбри институции. Цела Србија знае дека Ѓилас и Шолак се најголемите крадци кои оваа земја ги памети! – напиша Брнабиќ на социјалната мрежа Х.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: Тие што не работеле нема да земаат плата

Брнабиќ: За 48 часа сме подготвени да го исполниме она што студентите го посочуваат како неисполнето

Брнабиќ: Србија е единствената земја во светот каде опозицијата не сака избори

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

Вонредна седница на Парламентот на Србија на 29 јануари, ќе се расправа и за доверба на владата

А1он

ВИДЕО: Активисти ја пресретнаа и се расправаат со Ана Брнабиќ

А1он