Амнести интернешенaл: Да се истражи судбината на 14.000 исчезнати на Балканот

Од:

„Амнести интернешенaл“ ги повика балканските држави да ја испитаат судбината на околу 14.000 луѓе кои се уште се водат за исчезнати во регионот по конфликтите од ’90-тите години на минатиот век, а оние кои се одговорни за нивното исчезнување да бидат казнети.

По повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица кој се празнува утре, на 30. август, оваа организација изјави дека „приказната за исчезнатите луѓе на Балканот не е завршена“.

Језера Тигани, програмски менаџер за Европа и Централна Азија, рече дека „Владите од овие земји мораат да бидат сигурни дека правдата е достапна за сите жртви и нивните семејства, како одговорноста за обесштетување на штетата и ублажување на страдањето што тие го претрпеле, без било какво понатамошно одложување да биде обврска на државните служби“.

Соопштението објавено од страна на „Амнести интернешенaл“, се однесува за Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово, односно овие земји се „обвинети“ за неуспехот „да се усогласат со меѓународните законски обврски и да спроведат ефективна истрага и гонење на злосторниците“.

Би можело да ве интересира

Русија ги затвора сите канцеларии на Амнести Интернешнал и Хјуман Рајтс Воч

Ана Ололовска

Амнести интернешнал: Светските сили овозможија плодно тло за судири во 2021 година

Ана Ололовска

Амнести: Фармацевтските компании предизвикаа „катастрофа на полето на човековите права во 2021 година“

Ана Ололовска

Амнести интернешнл ги повика САД да ги отфрлат обвиненијата против Асанж

Ана Ололовска

Амнести интернешнл ги затвора двете канцеларии во Хонг Конг

Ана Ололовска

Амнести Интернешнл: Кина и Блискиот исток со најмногу смртни казни

Ана Ололовска