Американскиот државен секретар во посета на Турција

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ќе допатува во дводневна посета на Анкара, што е негова прва официјална посета на Турција по преземањето на функцијата.

Едни од главните теми на разговарите на Кери со неговите турски домаќини ќе бидат кризата во Сирија и улогата на Турција во нејзиното надминување. Предвидено е Кери да се сретне со турскиот претседател Абдула Ѓул, со премиерот Реџеп Таип Ердоган и со шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу.

Турско-американските односи имаат многу широк спектар, поради што се очекува да бидат разгледани и случувањата во повеќе региони и тоа се пред се во Авганистан, Ирак, на Балканот, како и кипарскиот проблем по претседателските избори на островот.

Предвидено е посебно внимание да се посвети и на борбата против тероризмот и судирите на турските сили со Курдската работничка партија (ПКК), како и на инетзивирањето на трговско-економските односи меѓу Анкара и Вашингтон. Турскиот извоз во САД минатата година се зголемил за 14 отсто, достигнувајќи 577 милиони долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски