Албанец кој е осомничен за убиство на девојка во белградската Ѕвездара си го уништил телефонот откако по него била распишана потерница.
По Јетмир Гочај (24), осомничен за убиството на Ивана Кривокапиќ (26) во Ѕвездара, пред точно 10 дена е распишана потерница, а надлежните се уште не успеале да го лоцираат.
„Ги извршивме сите проверки за да го лоцираме и уапсиме, но засега не знаеме каде се наоѓа, бидејќи веднаш по распишувањето на потерницата, тој го уништил мобилниот телефон и со тоа не оневозможил да му влеземе во трага преку ГПС. Разговаравме со неговите пријатели, роднини, сите тврдат дека не го виделе. Претпоставуваат дека воопшто не е во Црна Гора. Изјавија дека неговото семејство живее во Албанија и дека е можно да отишол таму и дека му помагаат. Некои ја запознале Ивана, некои никогаш не ја виделе, но никој ништо не знаел за нивната врска“, вели соговорникот од истрагата за овој случај.
Денови по злосторството, Јетмир на социјалните мрежи објавил фотографии од родниот град и на белградските новинари им рекол дека е дома и дека полицијата му кажала дека никој не го бара. По поднесената кривична пријава со докази од страна на полицијата, Вишото јавно обвинителство Белград донесе наредба за спроведување истражна постапка против Јетмир Г., поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство од ниски побуди, љубомора, за што следува казна од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Обвинителството му предложи на судот да му одреди притвор на Јетмир и да распише потерница. Телото на Ивана го пронајдоа нејзините браќа на 24 декември во изнајмен стан во Ѕвездара. Бидејќи таа не се јавувала на нивниот телефон, тие ја скршиле вратата од станот и ја нашле на креветот со откопчани панталони и крената блуза. На вратот и забележале модринки, а имала и повреди на усната, окото, прстите и подлактицата. Сето тоа укажува дека таа се борела за живот до последниот здив.
Се сомничи дека Јетмир Г. на 23.12.2022 година во периодот од 00:37 до 05:30 часот и го одзел животот на Ивана К., со која бил во емотивна врска. Наведениот ден дошол во станот на Ивана на Ѕвездара, каде што престојувал од 11.12.2022 година и влегол во вербална расправија со неа. Се сомнева дека истиот ден со автобус ја напуштил територијата на Србија.