Албанската полиција уапси Италијанец со 20 килограми марихуна

Од:

Aлбанската полиција на преминот Какавија, на албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, вчера попладне уапсила италијански државјанин во чиј автомобил открила 20 килограми марихуана, јави дописникот на МИА од Тирана.

Уапсениот Италијанец, според полицијата, е Игинио Де Филипис, 26-годишен жител на Леоне, кој патувал со автомобил Опел во кој била скриена дрогата.

Дрогата била пакувана во 22 пакетчиња и скриена во внатрешноста на вратите во резервната гума. Контролата на автомобилот на Италијанецот не била случајна, зашто директоорт на пограничната полиција Адмир Абрија, имал информации за шверц на дрога кои ги добил по оперативен пат.

Полицијата го уаспила Итлијанецот и води истрага за вмешаност и на други лица. Вчера попладне, грчката полиција, кај остовот Крф запленила 80 килограми марихуана, која била оставена, а ја нашол рибар. Полицијата потврдила дека дрогата стигнала од Албанија и оти била наменета за грчкиот нарко пазар.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда