Албанија испорачувала оружје и муниција за Либија

Од:

И покрај ембаргото, Албанија, сепак, испорачувала оружје и муниција за Либија. За тоа дека Албанија во 2011 година испорачувала оружје во Бенгази сознанија имала и американската администрација. Ова за медиумската мрежа „The Blaze’ го потврдија повеќе извори, во рамки на истражувањето за транспортот на оружје за Либија на кое се повикува тиранската телевизија Топ-чанел.

Во написот под наслов „Во тајниот свет на еден американски трговец со оружје“ се наведува дека на 11 септември 2011 година авион транспортер од Албанија пристигнал во Бенгази натоварен со 800.000 парчиња муниција, од, како што стои, големите резерви на Албанија.

„Авионите од Албанија, што имале товар и од Украина, летале во правец на Либија, земјата што во тој момент беше зафатена од војна, независно од ембаргото на оружје, а американската администрација беше свесна за тоа, се наведува во написот.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права