Агенцијата за банкарство на Федерацијата Босна и Херцеговина го презема управувањето со Сбербанк БХ, потврди денеска директорот на Агенцијата, Јасмин Махмузиќ, откако филијалите на банката во изминатите денови се пребукирани од бројни клиенти кои се обидуваат да ги повлечат своите пари поради страв од западните санкции за рускиот банкарски сектор.
– Клиентите можат да си ги побараат парите, банката и банкоматите ќе работат нормално, онлајн услугите ќе работат нормално, изјави Махмузиќ на вонредната прес-конференција во Сараево.
Тој додаде дека Сбербанк БХ е целосно стабилна, а сите депозити во неа се безбедни бидејќи таа банка, како и другите во регионот, е дел од групацијата со седиште во Виена и над која Русија нема директна надлежност, па нејзиното функционирање во рамки на СВИФТ (SWIFT) исплатата системот не може да биде доведен во прашање.
Сепак, Махмузиќ ги повика клиентите на Сбербанк БХ да бидат трпеливи и да сметаат на дневни лимити за исплата на депозитите и најави дека сите филијали на банката ќе бидат редовно отворени од утре.
Сбербак во БиХ има две главни филијали регистрирани во Сараево и во Бања Лука.
Извор: МИА