523 Црногорци со потерница од Интерпол

Од:

523 лица во Црна Гора се со меѓународна потерница, додека по нејзините распишани потерници од 2006-та до денес во странство се уапсен 274 лица, изјавува шефот на Интерпол Подгорица, Дејан Ѓуровиќ.

Нацоналното централно биро Интерпол Подгорица во моментов на меѓународно ниво бара 523 лица, па според тоа би можело да се каже дека секоја 1186 личност во Црна Гора се наоѓа на оваа потерница.

До ваквиот податокможе да се дојде ако се земе во предвид дека според последниот попис во 2011 година во Црна Гора има 620.029 жители.

Потерниците се распишани по наредба на надлежните црногорски судови за кривични дела кои се извршени во земјата.

Црногорскиот Интерпол минатата година распишал 170 потерници, по кои во странство се уапсени 75 лица.

Од 1. јануари до 1. декември 2012 во Црна Гора по странски потерници уапсени се 35 лица, а од Црна Гора кон другите земји испорачани се 22 лица со потерници.

Седумдесет и пет лица и се предадени на Црна Гора како резултат на апсења по претходно распишани меѓународни потерници.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време