30 години од смртта на Меша Селимовиќ

Од:

Денеска се навршуваат 30 години од смртта на доајенот на босанската книжевност, Меша Селимовиќ. Тој беше погребан на 11-ти Јули 1982 година во Алејата на заслужни граѓани во Белград.

Меша Селимовиќ е роден на 26 – ти април 1910 година во Тузла.

Од завршувањето на Филозофскиот факлутет во Белград до почетокот на Втората светска војна живеел и работел во родниот град. Потоа бил член на народоослободителното движење, а по завршувањето на војната, работел како професор на Високата педагошка академија во Сараево и се посветил на театарот, книжевноста и издаваштвото. Поради политичките несогласувања бил приморан да ја напушти Босна и заминал да живее во Белград.

Негово најпознато дело е романот „Дервишот и смртта“ за кое ги освоил сите домашни награди, а потоа следат романите „Тишина“, „Тврдина“, „Магла и месечина“, „Круг“, како и збирките раскази „Првата чета“ и „Туѓа земја“.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ