Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу на денешната седница на комисијата Турција-Европска унија остро го критикуваше ставот на меѓународната заедница за Сирија.
Неопходно е да се реагира на тамошните акции, кои вршат воени злосторства, според нормите на Обединетите нации. Ако се преземаат воздушни напади на територија, на која живее цивилно население, тоа е воено злосторство. Ние се уште чекаме одговор на нашиот апел за заедничка реакција. Кога ОН ќе преземе акција? Во Сирија загинаа 70.000 луѓе, а милиони гладуваат. Зошто само Турција и соседните земји на Сирија ја плаќаат сметката, истакна Давутоглу.
Тој посочи дека Европа нема демократско движење кое е заинтересирано за сириското прашање.
Од страна на Европскиот парламент се уште нема иницијатива со која ќе се повика Советот за безбедност на ОН да преземе мерки, наведе Давутоглу.
Тој наведе дека меѓународната заедниоца, посебно СБ на ОН треба да донесе резолуција за хуманитарна помош за Сирија.