Путин: Првите контакти со новата американска влада влеваат одредена надеж

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска на состанокот на одборот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) дека првите контакти со владата на американскиот претседател Доналд Трамп влеваат одредена надеж.

– Сите гледаме колку брзо се менува светот, ситуацијата ширум светот. Во оваа насока, би сакал да забележам дека првите контакти со новата американска влада влеваат одредени надежи. Од другата страна постои желба да се работи на обновување на меѓудржавните односи, кон постепено решавање на огромниот број акумулирани системски, стратешки проблеми во глобалната безбедносна архитектура, рече Путин.

Рускиот лидер нагласи дека „токму овие проблеми во еден момент предизвикаа и криза во Украина и други кризи“.

Путин посочи и дека Русија и САД се подготвени да соработуваат, но некои западни политички елити ќе се обидат да го поткопаат дијалогот меѓу нив.

Рускиот претседател им рекол на високи претставници на ФСБ дека расте бројот на кибер напади против Русија и дека контраразузнавањето мора да ги зголеми напорите за нивно неутрализирање.

– Исто така, ќе забележам дека со развојот на дигиталните технологии, расте бројот на кибер напади врз домашната информатичка инфраструктура, вклучително и против официјални владини веб-страници, како и против сајтови и услуги на државните корпорации и други сектори, рече Путин.

Рускиот лидер додаде дека таквите злосторства имаат „системска, повеќеслојна и повеќевекторска природа“ и нанесуваат штета и на државата, на бизнисите и на обичните граѓани.

„Зголемувањето на безбедноста на нашата национална информациска инфраструктура и изнаоѓањето нови методи за неутрализирање на кибер заканите е задача, вклучително и онаа на вашиот оддел“, нагласи Путин.

Би можело да ве интересира

Путин: 700.000 руски војници се на украинскиот фронт

А1он

Путин го нападна Сорос: Неговите учебници имаат негативен ефект врз младите

А1он

Филипо: Емануел Макрон е опседнат со Владимир Путин

Путин: Иднината му припаѓа на свет кој ги цени љубовта, пријателството и културното наследство

А1он

Трамп: Сакам Путин да дојде на самитот на Г20 во Мајами

А1он

Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски ако дојде во Москва

А1он