Путин: НАТО повеќе не крие дека се подготвува за војна со нас

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини земјите од НАТО и Европската Унија за зголемување на воените буџети и подготовка за можен конфликт со Русија под изговор на наводна руска закана.

Зборувајќи на состанок со дипломирани студенти на воени академии, тој рече дека Москва е подготвена брзо да одговори на сите надворешни и внатрешни закани.

Во исто време, Путин потврди дека руските сили продолжуваат да напредуваат на бојното поле во Украина и дека се блиску до преземање на контролата врз Костјантинивка во регионот Донецк, пренесува руски ТАСС.

Според Путин, меѓународната безбедносна ситуација денес е исклучително нестабилна, а конфликтите на Блискиот Исток и на други места дополнително ги зголемуваат глобалните тензии.

„Гледаме дека земјите од НАТО повеќе не се ограничуваат само на поддршка на режимот во Киев, туку отворено зборуваат за подготовки за војна со нас и зголемување на своите воени буџети“, рече рускиот претседател.

Тој додаде дека западните земји, како што тврди, ја користат наводната руска закана како оправдување за сопственото воено зајакнување.

„Прво тие создаваат закани за нашата земја, нè принудуваат да преземеме мерки за самоодбрана, а потоа нè обвинуваат за сите можни гревови за да ја оправдаат сопствената агресивна политика“, изјави тој.

Зборувајќи за војната во Украина, Путин ги пофали постапките на руските војници и офицери и потврди дека руската армија успешно ги постигнува своите цели.

„Нашите војници храбро и ефикасно ги извршуваат своите задачи, ги ослободуваат нашите историски земји и го штитат нашиот народ“, рече тој.

Тој исто така рече дека за време на војната, Русија ќе „стигне таму каде што треба“, без да прецизира што мисли под крајните цели на воената операција.

Тој конкретно се осврна на украинските предлози за преговори, доведувајќи ја во прашање искреноста на Киев по неодамнешните напади на руска територија.

Путин тврди дека Украина се обидува да го дестабилизира руското општество со напади со беспилотни летала врз руската цивилна инфраструктура.

„Ваквите напади служат за создавање несигурност и поттикнување социјални тензии“, рече тоj.

Би можело да ве интересира

Путин: Руските сили напредуваат во сите правци

А1он

Воен аналитичар: Во своето писмо, Зеленски иронично и саркастично го исмеа и понижи Путин

А1он

Путин доби сериозно предупредување – нивото на воени трошоци станува неодржливо за економијата на земјата

А1он

Трамп и Путин повеќе од 90 минути разговараа на телефон

А1он

Путин вети поддршка за Иран: Ќе направиме сè за мир во регионот!

А1он

Путин – Ердоган: Интензивните борби на Блискиот Исток носат ризици што ги надминуваат границите на регионот

А1он