Кремљ: Путин е подготвен да преговара со Европа

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара со „сите“, вклучително и со Европејците, соопшти денеска Кремљ откако „Фајненшл тајмс“ објави дека раководството на Европската унија се подготвува за потенцијални разговори.

Фајненшл тајмс вчера напиша дека пресвртот на Европската унија е поттикнат од фрустрацијата од преговорите за завршување на војната во Украина, предводени од американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, рече дека верува оти постои „потенцијал“ за преговори на ЕУ со Путин и дека алијансата има поддршка од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Путин е подготвен да преговара со сите. Тој го повтори ова неколку пати“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите кога беше прашан за статијата на ФЈ.

„Ќе бидеме подготвени да напредуваме во дијалогот колку што Европејците се подготвени да го сторат тоа. Сепак, како што веќе нагласи Путин, нема да иницираме такви контакти по ставовите што ги зазедоа Европејците“ рече тој.

Русија верува дека европските влади се тие што мора да го направат првиот потег, бидејќи тие се оние што ги прекинаа контактите со Москва во 2022 година по почетокот на војната во Украина.

„Руската страна не беше иницијатор за целосно прекинување на нашите односи со ЕУ“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Кремљ негира убиство на Навални: Обвинувањата се дезинформациска кампања на Западот

А1он

Кремљ вели дека средбата на Путин и Зеленски ќе се одржи само во Русија

Москва го гледа нацрт мировниот план само како почетна точка за понатамошни преговори

А1он

Кремљ за наводната кавга меѓу Лавров и Путин: Нема ништо вистина во тие извештаи

А1он

Кремљ потврди: Имавме контакти со Белата куќа

А1он