Фон дер Лајен: Путин мора да седне на преговарачка маса

Од:

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави на социјалната мрежа X дека разговарала со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа и со американскиот претседател Доналд Трамп по масовниот напад врз Киев во текот на ноќта.

Според украинските власти, најмалку 18 лица се убиени, а зградата на Делегацијата на ЕУ е оштетена.

Шефицата на Европската комисија не откри што ѝ кажал Трамп, а изјавата на американскиот претседател сè уште се чека.

„Путин мора да седне на преговарачка маса“, изјави таа.

„Мораме да обезбедиме праведен и траен мир за Украина со цврсти и веродостојни безбедносни гаранции што ќе ја претворат земјата во челичен еж. Европа целосно ќе ја одигра својата улога“ вели Фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Фон дер Лајен: Пресудата од Хаг мора да се почитува, никој не може да ја прекројува историјата на Косово

А1он

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп жестоко и се закани на Европа поради Канада

Катерина Ѓуровски