Зошто се уште имаме влакна на одредни делови на телото?

Од:

Национална географија – Вашингтон

Кога луѓето веќе изгубиле поголем дел од влакната, зошто тие се задржале во пределот на пазувите и на интимните делови? Која е нивната улога?

Одговорот на ова прашање е биолошка мистерија која го оптоварувала човештвото со векови, а посебно сега не интересира кога многумина од нас прават се за да ги отстранат овие влакна. Каква функција можат да имаат срамните влакна и тие под пазувите?

Дали тоа е начин на кој Мајката природа се шегува со нас? Иако не постои конечен одговор на ова прашање, постојат многу теории за тоа зошто човекот има влакна на одредени делови на телото, од кои една теорија се чини најлогична.

Една теорија која не е толку логична, иако и понатаму е многу веројатна е дека целта на влакната е намалување на триење. Кожата постојано се трие од кожа што може да предизвика непријатност на чувствителните делови, а се верува дека влакната под пазувите делуваат како бариера против таков осип и иритации. Исто така, теоријата наведува дека срамните влакна служат како заштита од сексуално преносливи болести.

Звучи доволно логично, но колку луѓе се жалат на иритација која не е предизвика од бричење на тие подрачја? Покрај тоа, сексуално преносливите болести немаат врска со влакната, барем не во повеќето случаи.

Друга теорија наведува дека срамните влакна се уште постојат бидејќи служат како нежна покривка на гениталиите. Тоа се чини веројатно се додека не ја земеме предвид локацијата на машките срамни влакна, која навистина не ги штити важните делови на половиот орган. Кај жените исто така срамните влакна би требало да бидат многу пониско за да ги чуваат репродуктивните органи, што не е случај.

Се чини дека природата направила добра работа пружајќи им на жените совршено поставени срамни влакна кои ги штитат од нечистотија да влезе во вагината, но мажите немаат таква заштита околу уретрата. Барем за жените, срамните влакна имаат иста заштитна функција како влакната во носот или веѓите и трепките за очите.

Меѓутоа, бидејќи тоа е случај со многу природни работи, водечката теорија наведува дека срамните влакна и влакната под пазувите се уште ги имаме бидејќи ја зголемуваат шансата да добиеме партнер.

Теоријата е поткрепена со фактот дека за разлика од влакната на главата, овие влакна се јавуваат во текот на пубертетот, во исто време кога нашите ендокрини жлезди стануваат активни и почнуваат да лачат маслена супстанца која содржи многу протеини. Тие жлезди, покрај другите подрачја, се сконцентрирани во пазувите и гениталиите, за разлика од другите главни типови на потни жлезди, кои се дистрибуирани ширум нашето тело.

Срамните влакна и тие под пазувите обично почнуваат да се ретчат кога луѓето ќе навлезат во 50-тата година, што е уште еден можен индикатор дека се е поврзано со репродукцијата. Поконкретно, некои научници теоретизираат дека овие влакна постојат за да бидат натопени со потентни хормони кои го привлекуваат партнерот.

Иницијалниот секрет без мирис се претвора во мошусен мирис откако ќе го искористат многу микроби; потенцијалниот партнер го собира мирисот и неговото тело го користи како показател дека сме подготвени за однос.

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска