QUIN WOODWARD PU Е 26-годишна блогерка од Вашингтон и многу важно за оваа приказна, девојка која не е добро да се остава преку интернет.
Иако, судејќи според нејзината (изразито претерана) реакција, СМС прекинувањето не е единството што ја разбеснило кога е во прашање нејзиниот краткорочен поранешен дечко. А приказната оди вака: Quin пред два дена почнала да се гледа со тип кој го сретнала во бар и „иако тоа и се чинело малку премногу“ тие двајца се договориле нејзиниот роденден да го прослават заедно надвор од градот. Но, пред да се случи тоа, таа добила порака во која тој ја прекинува кусата врска.
Во неа пишувало дека дечкото „сепак не е подготвен на врска“, но дека е уверен дека таа тоа брзо ќе го преболи, иако таа е „забавна, паметна и кул девојка“. Тоа било моментот на „пукање“ за Quin. После некое време „размислување“ и откако се „опоравила од шокот заради кој била парализирана“ одлучила да му одговори:
– Ти благодарам што се грижиш и не сакаш да ми го расипеш роденденот. Како 25-годишна девојка, која објавила две книги, има свој стан, врската која ја планирав за нас после две видувања би требало да биде врв во мојот живот. И иако со ништо не било предизвикано, мислев дека секси пораките кои ми ги испраќаше од службениот мобилен се прилично слатки, но извршниот одбор во твојата фирма би можеле да помислат дека твоите пораки, кои им ги испратив, се сепак малку стари.
Јасно, јас сум девојче, хистерична и преплавена со емоции, која не можеше да не се заљуби после поминатите вкупно 20 часа заедно. Поточно, извини, ја сум жена. Девојче е она деветгодишното кое го имаш дома, кое еден ден најверојтно исто така, ќе излегува со катастрфа која ги обезвреднува жените и себе си се издигнува во небесата, каква си и сам. Среќно, навистина.
Значи, јасно ви е: човекот и напишал дека повеќе не сака да ја види, а таа од освета, секси пораките ги испратила на неговите шефови. И потоа приказната ја објавува на својот блог.