На „Гугл Стрит Вју“ се видливи голем број итересни појави, како луѓе кои водат љубов, бизарни сцени, па и дури духови, но постојат и некои сцени што Гугл не сака да бидат видени.
Меѓу нив се Фарските Острови, американските воени бази…, но и две куќи, кои се сокриени од јавноста на овој популарен сервис. Тие две куќи во Стокхолм се замаглени на фотографиите кои овој сервис ги снимил во 2009 година, објави „Газет Лајв“.
Иако сопствениците на недвижности може да побарат од Гугл да ги скрие нивните куќи од „Стрит Вју“, сопственичка на една од овие куќи тоа не го направила, а за весникот „Дејли Мирор“ изјави дека незнае зошто Гугл ја сокрил нејзината и соседната куќа.
– Живеам во таа куќа од 2000 година и незнам зошто не можам да ја видам. Ако дознаете, јавете ми. Би било убаво да се знае зошто. До денес не знаев дека е замаглена, изјави Џен Алисон.
Британскиот весник „Дејли Мирор“ испратил барање до Гугл со прашање зошто куќите се сокриени, но се уште нема одговор.
Интересно е дека куќите сепак можат да се видат, кога доволно ќе се оддалечите од нив.