Младите мажи не се авантуристи како нивните татковци, односно како генерацијата мажи пред и тоа најмногу затоа што не се форма, а им недостасува и мотивација, покажуваат најновите истражувања.
Денешните мажи воопшто не се впуштаат во авантури во кои, шред само 30 години, мажите со радост се впуштале. Истражувањето открива дека кон крајот на 70-тите години мажите многу повеќе биле заинтересирани за адреналински активности и го правеле тоа многу почесто од жените.
Ситуацијата денес е поинаква, па мажите и жените речиси се изедначиле во заимавањето со адреналински спортови, како нуркање, скокање со падобран или планинарење. Научниците појаснуваат дека тоа не е затоа што пораснал интересот кај жената за адреналински спортови, туку затоа што се намалил апетитот кај мажите за аванутри и адреналински искуства.
– Очигледно дека младите мажи ја изгубила онаа искра која е потребна за да се впуштат во разни авантури. Видливо е последните години дека мажите се помалку се одлучуваат и на спорт, а жените се повеќе, па дојде до полово изедначување, појаснува водителката на истражувањето др. Кејт Крос од универзитетот Сент Ендрју.