На сајтот на канадскиот „Мекдоналдс“ ресторан, една жена прашала незгодно прашање: Како е можно храната од Мекдоналдс да не се расипува?
Одговорните од ресторанот одговориле многу широко и темелно на ова прашање.
„Нашата храната се расипува, но само под одредени услови“, а потоа, за понатамошното објаснување е консултирана д-р Кеита Варинера.
„Постојат многу онлајн видеа и фотографии на кои се гледа што се случува кога нашата храна стои подолг временски период односно се тврди дека хамбургерот од Мекдоналдс нема да изгние, затоа што е полн со хемикалии. Вистината е дека хамбургерот, помфритот, пилешкиот стек како и сите други видови храна не се отпорни на природниот процес на гниење, но потребни се одредени услови за да се случи тоа.
Во суштина, микробите кои го предизвикуваат распаѓањето се како нас. Им треба вода, храна, топлина и време да егзистираат. Ако ние одземеме некои од овие елементи, микробите не можат да се развијат и да ја „нападнат“ храната.
На пример, на хамбургерот од Мекдоналдс, во текот на термичка обработка се одзема водата од месото. Печењето го отстранува остатокот од водата. Тоа значи дека по подготвувањето хамбургерот е релативно сув. Ако тој биде оставен на отворено, се случува дополнителна загуба на вода. Така во нејзино отсуство, плескавиците се сушат, но не гнијат.
Ако сакаме да се расипат Мекдоналдс плескавиците, само треба да се спречи загубата на влага. Замотајте ја во проѕирна фолија и оставете ја во многу влажна простоија, на пример бањата, и таа ќе се расипе.“,напишала д-р Кеита Варинера.