Секој понекогаш се наоѓа во период на врска кога повеќе е заинтересиран за флертување и тоа е нормално. Ако ги забележите овие знаци кои зборуваат дека вие или партнерот сте подготвени да одите чекор понатаму, запрашајте се дали вашата врска има смисла и иднина.
1. Не им кажувате на луѓето дека сте во врска, освен ако лично не ве прашаат.
2. Гледате во непознати луѓе подолго време.
3. Поминувате премногу време со некоја нова личност.
4. Мислите дека партнерот можеби ве изневерува и затоа не чувствувате вина ако и вие го направите исто.
5. Во последно време повеќе уживате во времето кое го поминувате без партнерот отколу во времето поминато со него.
6. Имате еден пријател кој не можете да го ставите меѓу платонските пријатели.
7. Се почесто ви се случува да сонувате за тоа како е да се биде со некој друг.
8. Повеќе и не го спомнувате партнерот во разговорите.
9. Вашиот партнер не е првата личност на која ќе се обратите кога имате некои големи вести.
10. Константно наоѓате недостатоци на својот партнер.
11. Испраќате пораки со очи. За случај да раскинете со партнерот, сметата дека е добро да се има резерва.
12. Почнувате кавга со партнерот и тоа речиси без никаква причина.
13. Потајно ви е мило кога партнерот оди на службен пат, затоа што тоа значи дека можете да поминете цела ноќ надвор со друштвото.
14. Имате разработен план како да го изневерите партнерот.
15. Се разубавувате без голем повод.
16. Љубоморни сте на пријателите кои не се во моногамна врска, туку водат луд љубовен живот.