Мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон ја доби наградата „Златен лав“ на 75-то издание на Венецискиот филмски фестивал за филмот „Рома“.
Станува збор за црно-бела драма, која е еден вид сеќавање на неговото детство во Мексико Сити во раните 70-ти години.
Вилем Дефо ја доби наградата за најдобар актер за ликот на Винсент ван Гог во филмот „Пред портата на вечноста“, а Британката Оливија Колман е прогласена за најдобра актерка за улогата на кралицата Ана во филмот „Фаворитот“.
Единствената жена режисер во официјалната програма Џенифер Кинт ја доби специјалната награда од жирито за филмот „Славејот“.
Французинот Жак Одијар ја доби наградата „Сребрен лав“ за најдобар режисер за филмот „Сестрински браќа“.
Браќата Џоел и Итан Коен ја добија наградата за најдобро сценарио за вестернот „Баладата на Бастер Скрагс“.
Претседател на жирито беше режисерот Гилјермо дел Торо.tep