Славната „Жолта гитара“ (Yellow Cloud) на пејачот Принс продадена е на аукција за 137.500 долари.
Омилената гитара на починатиот пејач ја купи Џим Ирсеј, сопственик на американскиот фудбалски клуб „Индијнаполис колтс“.
Ирсеј е познат колекционер на музички инструменти и поседува предмети на Боб Дилам, Џон Ленон и други, а минатата година за 2,1 милиони долари ги купи тапаните на кои свиреше тапанарот на Битлси, Ринго Стар.
Жолтата гитара е изработена од јаворово дрво со препознатливиот облик на рог. Принс на неа често свиреше на концертите во 90-тите години од минатиот век.