„Животот е сон“ во чест на режисерот Цветановски вечер во МНТ

Од:

Во чест на режисерот и професор на ФДУ Владо Цветановски, кој завчера почина ненадејно, во Македонскиот народен театар вечер ќе биде изведена неговата претстава „Животот е сон“ по текст на Калдерон дела Барка.

Претставата е последна премиера што Цветановски ја постави на сцената на МНТ, на 6-ти мај оваа година.

„Со овој чин ансамблот на Македонски народен театар  сака да ја изрази својата бескрајна благодарност и почит кон проф.Владо Цветановски и кон неговото творештво со кое остави неизбришливи траги во македонскиот театар и еден од режисерските стожери на МНТ“, соопшти Македонскиот народен театар.

Влезот за посетителите е слободен.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ