Многу луѓе се запознаени со Сините зони – деловите од светот каде што луѓето живеат најдолго, а жителите на тие региони не само што се долговечни – туку имаат и чист ум, витални и трезвени се до старост.
Постојат пет области во светот кои истражувачот Ден Батнер ги идентификувал како таканаречени „сини зони“, според „CNBC“.
„Сината зона“ е ненаучен термин кој се однесува на географски региони каде што жителите се екстремно долговечни, имаат ниски стапки на хронични болести и живеат подолго од кое било друго место во светот.
Петте такви области се: Окинава (Јапонија), Икарија (Грција), Сардинија (Италија), Никоја (Коста Рика) и Лома Линда (Калифорнија).
Батнер, појавувајќи се во подкастот „Живеј добро биди добро“, истакна дека на идиличниот грчки остров Икарија, жителите не само што се во добра здравствена состојба и често живеат до многу длабока старост, туку имаат и многу ниски стапки на деменција.
„Луѓето од Икарија живеат во просек осум години подолго од жителите на САД, главно без никакви знаци на деменција“, рече тој.
Тој тврди дека на Икарија „ги нашол сите луѓе над 65 години и само тројца од нив имале многу благи случаи на деменција“.
На својот блог, Барнер напиша дека жителите на Икарија „јадат најстрога верзија на медитеранската исхрана во светот“, која најмногу се потпира на овошје, зеленчук, цели зрна, леќа, мешунки, маслиново масло и умерени количини црвено вино.
„Тие јадат помалку месо и риба и повеќе зелен зеленчук. Редовно јадат околу сто диви растенија и градинарски зеленчук како сенф, цикорија, анасон и други растенија кои често се сметаат за плевел во САД. Овие диви растенија содржат десет пати повеќе антиоксиданси кои ги чистат артериите подобро од црвеното вино” – пишува Батнер.
Тој исто така забележува дека жителите на овој остров обожаваат два вида пијалаци кои им помагаат да останат со памет до старост – билни чаеви и кафе.
„Тие пијат билни чаеви секој ден. Ги прават од растенија од нивните градини, но и од дивината. Ги прават од растенија како оригано, жалфија и рузмарин“, вели тој.