Мажите постојано истакнуваат дека жените сакаат да ги усложнат работите, а француските психолози потврдија дека предрасудите во голема мерка предизвикуваат проблеми во врската.
Наместо да се опуштат и да уживаат со партнерот, жените го анализираат секој негов чекор и воглавно донесуваат погрешни заклучоци, што доведува до караници. Најчести предрасуди во емотивниот однос се:
1. Ако покажам дека сакам сериозна врска и брак ќе мисли дека сум заинтересирана само за брак и тоа ќе го одбие
Истражувањето покажало дека дури 73 проценти од мажите сакаат кога жената презема иницијатива во врската. Доколку се обидувате да оставите впечаток дека не ви е грижа за партнерот, тој може да помисли дека навистина е така. Ако покажете дека сакате љубов, партнерот ќе ве почитува и јасно ќе ви покаже дали може да ја пружи.
2. Сите мажи се лоши, нема заштитници и џентламени
Ова е типична предрасуда на современите жени кои себе си се доживуваат како романтични принцези, но психолозите оценуваат дека зад таквите флоскули се крие страв од врзување. Со таков став ги бркате потенцијалните партнери.
3. Мажите сакаат само убави девојки
Тоа навистина не е точно бидејќи убавината е релативна работа. Поголемиот број мажи за сериозна врска и брак бараат жена кој им одговара по карактер, па често го занемаруваат изгледот.