Жените стануваат добри готвачки дури по 55. година

Од:

Жените ја совладуваат уметноста на готвењето дури на 55 години, откри британска анкета, јави “Дејли телеграф”.

Да готвиш добро, не значи само да го следиш напишаното во рецептот и да ја вклучиш печката на соодветната температура.

Дури и најдобрите кулинарски мајстори имаат свои неуспеси, како спласнато суфле, жилаво печено месо или преварен зеленчук.

Анкетата спроведена меѓу жените во Велика Британија покажа дека дури на 55 години жените се доволно уверени во кујната за да можат да направат одлична вечера за 12 лица, да спасат јадење кое изгледа уништено или да зготват нешто вкусно од она што во последен момент ќе го најдат во ладилникот.

Во средината на 50-те, жените веќе имаат репертоар од над 15 јадења што можат да ги подготват набрзина, знаат колку време треба да се пече нешто, како може да се добие густ сос, дури и да направат леб и сладолед.

Околу 85 отсто од нив можат да сварат совршено јајце, а 80 отсто да зготват нешто вкусно од обични производи.

Половина од нив никогаш не користат готови сосови, а три четвртини редовно печат колачи и бисквити.

Две третини од жените на 55 години можат да испечат леб, а 55 отсто ги познаваат идеалните зачини за готвење.

Анкетата покажа исто така дека жените за прв пат учат да подготват некое основно јадење уште на 20 години.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава