Резултатите од најновото истражување на Универзитетот Оксфорд покажуваат поврзаност помеѓу долниот дел на телото, здравјето и интелигенцијата.
Познат факт е дека количеството на маснотии во човековото тело е еден од важните индикатори за здравствената состојба, но важно е и каде се распоредени.
Жените со така наречен крушкаст облик на телото докажано е дека генерално се поздрави, но исто така се и попаметни.
Маснотиите во долниот дел на телото ги држат масните киселини подалеку од срцето, главните артерии, црниот дроб и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.
За разлика од жените кои имаат тело со облик на јаболко, односно повеќе маснотии на горниот дел од телото и стомакот, жените со поголем задник имаат помало ниво на холестерол и глукоза.
Тоа е поврзано со двата хормона – лептин и диноцептин.
Лептинот е хормон кој го контролира апетитот и целокупната телесна тежина. Телата на жени со облини имаат поздраво ниво на лептин, што им овозможува на мозокот побрзо да добие сигнали дека се најадени.
Поради тоа овие жени имаат помали шанси да станат гојазни. Додека диноцептинот е хормон одговорен за контролирање на васкуларната состојна и спречува дијабетис.
Жените со поголемо ниво на маснотии во долниот дел на телото имаат повисоко ниво на Омега три киселини, што е поврзано со активноста на мозокот и интелигенцијата.
Омега три киселините помагаат во борба против депресијта, ги унапредуваат когнитивни способности. Поради тоа овие луѓе се попаметни и нивната целокупна ментална состојба е подобра.