Жените се чувствуваат посакувани по 409 денови од породувањето

Од:

За жените да се чувствуваат посакувано по породувањето потребни се 409 денови, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во Велика Британија.


Истражувањето биле спроведено на илјада жени. Новите мајки признале дека им требале околу пет месеци повеќе, отколку што очекувале,  за да ја вратат совршената фигура. Самодовербата ја вратиле со повторно одење на работа.


– Иако славните мајки, како Викторија Бекам, совршената фигура ја вратиле за еден месец, на „обичните“ жени им требало околу една година. За да ги вратат фигурата и сексуалниот нагон што ги имале пред бременоста, на жените им биле потребни 409 денови, покажува истражувањето.


Но, околу 10 проценти од жените тврдат дека им требале повеќе од две години за повторно да се почувствуваат посакувано. Додека 15 отсто од испитаничките изјавиле дека никогаш не го вратиле тоа чувство. Како причина за тоа ги навеле постојаниот умор, вишокот килограми, како и фактот дека немаат време за себе.


Дури половина од жените навеле дека самодовербата ја вратиле откако повторно почнале на работа.


– Бременоста и детето го менуваат животот од корен, а жената мора да знае дека споредувањето со други жени по породувањето може да предизвика спротивен ефект и да доведе до депресија, тврди психологот Елинор Вајлд.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска