Жените најмногу се грижат за изгледот на рацете

Од:

Сива коса, слаби нозе и криза на средните години… ништо од тоа не е најголемата грижа на жените. Тие најмногу се загрижени за изгледот на нивните раце.

Истражувачите откриле дека многу жени се плашат дали нивните раце со истакнати вени, тенка кожа и дамки ќе откријат колку навистина имаат години.

Една од осум испитани жени изјавила дека многу повеќе е загрижена за состојбата на рацете отколку за лицето, додека 36 отсто се загрижени за двете нешта подеднакво.

Додека за подмладување на лицето и другите делови на телото постојат инјекции и операции, за рацете не е таков случај.

Всушност рацете се тие кои откриваат колку навистина имааме години.

Најголема загриженост предизвикуваат пегите кои жените се обидуваат да ги скријат со шминка, утврдено е во истражувањето.

Дерматолозите нагласуваат дека рацете константно се изложени на сите влијанија, од сонце до средства за чистење, а мнозинството не ги негуваат додека не биде доцна.

Но, Британската асоцијација на пластични хирурзи порача дека не треба да се очајува, затоа што постојат техники кои можат да ги скријат знаците кои ги издаваат годините.

Истражувањето го спроведе компанијата Superdrug.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските