Жените на Инстраграм ја слават убвината на телото со стрии

Од:

Со надеж дека нешто ќе се промени кога е во прашање прифаќањето на женското тело, две жени направиле Инстаграм профил, посветен само за славата на стриите.

За помалку од две недели, Love your llines на Инстаграм собра повеќе од 31.000 следбеници, а жени од целиот свет користат хаштаг „LoveYourLines“.

„LoveYourLines“ е медиумска кампања посветена на покажувањето на женската убвина. На кампањата се придружија жени од сите возрасти, различни култури и од различни средини, дури и млади девојки кои како тинејџерки имале стрии.

– Стриите ги добив на 13 години. Ќе бидам искрена, не ми се допаѓаат. Јас никогаш не носам бикини, но запознав прекрасни жени на кои тоа не им е проблем. Ви благодарам на овој Инстаграм профил“, напиша една жена која постираше слика од нејзините нозе прошарани со стрии.

Многу жени добија поддршка да го покажат нивното тело и да бидат самоуверени.

– Не си сама. Јас имам 18 години и имам премногу стрии уште од 14-та година, одговори Катарина Растеиро.

– Сакам бикини, а јас секогаш ги носам затоа што тоа е мое тело, моја природа. Треба ли да ја кријам? Никогаш!, додаде таа.

Свои фотографии испратија и мајки кои се породила со царки рез. Исто така, пишуваа за нивното тело, лузни и стрии.

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска