Новото истражување покажа дека повеќе различни видови бактерии можат да се најдат на рацете на жените отколку на рацете на мажите.
Истражувањето спроведено на американскиот „University of Colorado at Boulder“ покажа дека жените имаат поголема густина на бактерии на рацете отколку што имаат мажите, а истражувачите веруваат дека тоа може да биде од потење, жлездата лојница или поради хормонската неурамнотеженост.
Покрај тоа, како причина се спомнува и поголема киселост на кожата на рацете на мажите и честата употреба на кремови кај жените.
Коментирајќи го ова открите, водачот на истражувањето др. Ноа Фиерер рече дека „бројот на различни видови бактерии откриени на рацете на учесниците во истражувањето беше големо изненадување како и поголемата разноличност на бактериите кои научниците ги пронашле на рацете на жените.
Порталот Мој доктор укажува дека некои други истражувања покажале дека на дланките на левата и десната рака на исто лице се наоѓаат различни видови бактерии.
Бактериите во просек се големи само неколку микрометари, можат да се видат само со микроскоп и многу се различни по својата форма.