Здрави зачини кои го намалуваат апетитот

Од:

Дали сте знаеле дека постојат неколку зачини кои можат да ги стопат мастите во вашето тело? Црвената пиперка, лукот, чилито и циметот се здрави зачини со чија помош може да го намалите апетитот.

Црвена пиперка

Пикантната црвена пиперка содржи капсаицин, супстанца која го забрзува метаболизмот на телото. Оваа супстанца ја зголемува телесната топлина која ги согорува масните наслаги. Овој здрав зачин го контролира апетитот и желбата за солена, слатка и масна храна.

Лук

Овој здрав зачин го намалува апетитот бидејќи испраќа сигнал во мозокот дека желудникот е полн. Со помош на овој зачин се чувствувате посити и ги согорувате калориите. Лукот, исто така, е добар за луѓето со срцеви проблеми, бидејќи го спречува создавањето на тромб и ја забрзува циркулацијата на крвта.

Чили

Чилито е еден од здравите зачини кој може да го контролира апетитот, така што почесто ќе се чувствувате сити. Чилито се смета и за зачин кој ги топи маснотиите.

Цимет

Циметот е здрав зачин кој ги согорува масните наслаги во телото, а исто така ја контролира и гладта. Циметот го подобрува метаболизмот на телото, го намалува лошиот холестерол и ги чисти артериите.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он