годишнината од смртта на големиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, кој почина во Виена на 5 декември 1791 година, градот Виена го реставрираше неговиот гроб.
Вечното почивалиште на Моцарт со години пропаѓаше. Во уредувањето на гробницата и опкружувањето вложено е 80 илјади евра, поставена е и вештачка трева, зајакнати се приодните места и поставени се клупи.
Покрај гробот на Моцарт поставена е и информативна табла на која е испишан историјатот на гробното место на Моцарт.