Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Од:

Во Мумбаи заврши свадбениот пречек на најмладиот син на најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани, Анант (29) и неговата избраничка Радика Мерчант(29), а нивната венчавка многумина ја оценија како „свадба на годината“.

Младенците вчера славеа со своите гости во конгресниот центар Џио Ворлд Драјв во Мумбаи, во сопственост на семејството Амбани, како дел од Фестивалот на блаженството, пренесува АП.

На списокот на гости се најдоа поранешните британски премиери Тони Блер и Борис Џонсон, музичките ѕвезди Адел, Лана Дел Реј, Дрејк, како и фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам, објавија медиумите, но семејството Амбани се уште го нема потврдено списокот на гости.

Во Мумбаи денеска е променет сообраќајот во делот од градот каде се организира свадбената веселба поради пристигнување на голем број гости.

Промените во сообраќајот предизвикаа гнев кај граѓаните кои веќе се соочуваат со голем метеж во Мумбаи, а луксузот доведе многумина да покренат прашања за растечката нееднаквост во Индија, каде што јазот меѓу богатите и сиромашните се зголемува.

Свадбените веселби започнаа уште во март, кога семејството на младенците организираше тридневна забава на која присуствуваа 1.200 гости, меѓу кои и поранешни светски лидери, бизнисмени и ѕвезди од Боливуд, а на забавата настапи и Ријана.

Семејството потоа однесе гости на тридневно крстарење од Италија до Франција во мај, со Кејти Пери и Питбул.

Мукеш Амбани е деветтиот најбогат човек во светот, со богатство проценето на 116 милијарди долари, според податоците објавени од Форбс.

Младата Радика Мерчант е ќерка на фармацевтскиот бизнисмен Вирен Мерчант и е маркетинг директор на неговата компанија „Encore Healthcare“.

Би можело да ве интересира

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати

(ВИДЕО) „Пекол“ на денот на изборите во Индија: Луѓе умираат

Соборен рекорд: Измерени 52 степени