Зависност од интернет

Од:

Политика – Белград

Четворица луѓе седат во кафуле. На маса пред нив има пијалаци, некој пуши и цигара. Но, наместо да се гледаат и разговараат, тие ги држат главите наведнати во своите мобилни телефони и листаат што има ново на мрежите.

Само повремено, некој од нив ќе ја подигне главата и ќе се обрати на соговорниците: „Дали си видел што поставила Марија? Одете на нејзиниот профил?‟ И тоа ќе биде цела конверзација која ја имаат.

Ако само пред десет години некој предвидеше дека вака ќе изгледа општествениот живот, никој немаше да верува. Денес, ваквата сцена е се почеста и вообичаена.

Сите знаеме што е стандардна реакција на просечен човек кога слуша за ова: „Боже страшно, како тие уреди ги оттуѓуваат луѓето, каде оди овој свет‟. И така натаму. Но, можеме да имаме некој подлабок на оваа појава, можеме ли некако да деконструираме каква е таа магична сила која ги влече луѓето вака да се однесуваат?

Токму ова е тема со која психолозите интензивно се занимаваат во последните години и заклучоците до кои дошле се многу интересни. Клучната компонента која предизвикува зависност од социјалните мрежи е лачење на допамин во тек на валидација. 

Што е всушност валидација? Тоа е чувство на среќа кое луѓето го чувствуваат секогаш кога ќе добијат коментар на некоја своја реченица, кога некој ќе испрати порака. Секогаш кога некој ќе „лајкува‟ фотографија и ќе каже дека сте убави. Секогаш кога некој мисли на нас на кој било начин, се лачи мала количина допамин и мозокот така се „навлекува‟ на оваа дрога. Допамин инаку се лачи кога ќе изедеме нешто, кога на било кој начин доживуваме некоја задоволена потреба.

Основниот проблем е во тоа што луѓето не знаат кога точно ќе се случи ова и тогаш проверуваат на социјалните мрежи на секои пет минути, во потрага за допамин. Како да имате на маса чинија, но не знаете кога во неа ќе се појави чоколадо, па постојано морате да проверувате. И тогаш тоа се претвара во опсесија.

Пред неколку години социјалните психолози направиле експеримент со глувци кој ја потврдува оваа теорија.

Во првата група биле глувци на кои им давале обилна количина на храна секое утро во осум часот. Храната ја ставале во една мала чинија, а глушецот морал со муцката да отвори куќичка да провери дали има храна и потоа ја јадел. Овие глувци стекнале специфично однесување.

Секое утро, неколку минути пред осум часот, глушецот почнувал да ја проверува куќичката. Потоа внатре затекнувал храна ја јадел и бил мирен цел ден.

Во другата група биле глувци на кои им се давало храна во многу мали колични 50 пати на ден, во случајни временски моменти. Што се случило набрзо со овие глувци?

Полуделе. Станале опседнати, ја проверувале чинијата на секои пет секунди, се вртеле во кафезот по цел ден. Што би рекол народо – „одлепиле‟.

За жал, идентична работа се случува со луѓето на мрежите. Не се знае кога ќе дојде нова нотификација, нов коментар или „лајк‟ и луѓето стануваат опседнати. Последица од ова е многу плиток фокус и непродуктивност во работењето. Луѓето не можат да се задлабочат во било која активност со која се бават. Моменталниот бестселер во психологијата е книгата „Површни‟ („The Shallows‟), која се занимава токму со овој проблем и зборува за тоа како интернетот колективно не промени во човештво на површни луѓе.

Еден ресторан од Њујорк неодамна објави студија која одлично ја илустрира оваа појава. Се случи тоа, да гостите масовно почнале да се жалат дека услугата е бавна. Управата на ресторанот не можела да открие за што се работи. Вработиле дополнителни келнери, вовеле зајакната контрола, но гостите и понатаму се жалеле на бавна услуга. Потоа почнале да анализираат снимка од камерите во ресторанот и да ги споредуваат тие снимки со тие од пред десет години. И дошле до фрапантно откритие.

Многу гости почнале да се однесуваат поинаку. Доаѓале во ресторанот, барале шифра за интернет. Потоа 20 минути поминувале на „Фејсбук‟ пред воопшто да погледнат во менито. Кога стигнувала храната, ја фотографирале чинијата од разни агли и ја ставале на „Инстаграм‟. Во текот на јадењето, одговарале на пораки и правеле огромни паузи. Се на се, поминувале многу време во ресторанот, а кога ќе виделе колку часови поминале, за сето тоа ги обвинувале келнерите.

Значи, луѓето не се свесни што прави интернетот со нивните мозоци. Не се свесни бидејќи конзумацијата на истиот им дава чувство на среќа и задоволство и не помислуваат да ја побараат причината за некои свои неуспеси во нешто што ги прави среќни. Всушност во тоа, најголемата опасност од оваа зависност за многу луѓе е невидлива. 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ