„Зад аголот“ – нов роман на Томислав Османли

Од:

Во Салон 19,19 вечер ќе биде промоворан новиот роман на Томислав Османли – „Зад аголот“, објавен од издавачката куќа „Магор“.

– Романот носи приказна во која се меша современоста и историјата, фантастиката и реалноста, длабејќи го наративот за парадоксалниот геометризам на изненадата што демне зад првиот свиок… „Зад аголот“ е монтажно, мултимедијално, филмски, на места и стриповски, ирониски, но и емпатиски, крајно возбудливо раскажан роман за играта на судбинското и за случајното; за љубовта и за предавството, за војната и за изневерата, за залудноста на занесните алтруистички проекти и за надвладувањето на егоизмот низ текот на вкупната човекова историја…, информира издавачот.

Томислав Османли (1956) е писател, сценарист, драматург, теоретичар на медиуми и есеист. Автор е на дваесетина книги проза, публицистика, драмски текстови, сценарија. Објавуван е и на англиски, француски, српски, руски, хрватски, полски, ладино (јудео-шпански), романски и на  бугарски јазик.  Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар.

Неговата нова книга ќе ја промовираат Јелена Лужина и  Ферид Мухиќ. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап на  Владимир Мартиновски.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ