Забранет влез во трговски центар за гласни деца

Од:

Поаѓате со детето да пазарите, а тоа се расплакува. Без оглед на тоа, одлучивте да влезете во трговскиот центар, но на влезот ве пречекува изненадување. Не може внатре, вашето дете е прегласно, тоа нема да се толерира.

Ова не е сцена од некој филм, туку вистинска приказна од Австралија.

Имено, според пишувањето на news.com.au. трговскиот центар Dee Why Grand во Австралија забрани влез за деца кои се прегласни. Управата на центарот им порачува на родителите дека „нема да толерираат“ деца кои врескаат.

Некои посетители на центарот се жалеле дека децата се прегласни па управата поставила натпис „Стоп. Родители земете предвид дека други посетители на центарот овде и ручаат. Децата кои викаат нема да се толерираат“.

Шефот на трговскиот центар Бренда Мулкахи рече дека купувачите се жалеле на децата кои трчаат и урлаат.

– Имавме премногу жалби поради неподносливата врева, а луѓето поради тоа почнаа да го избегнуваат ресторанот. Мајките мора да бидат одговорни, изјави Мулкахи.

Ваквата постапка на управата на центарот предизвика голем број полемики меѓу родителите во Австралија.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските