Забава за лицата со Даунов синдром во Безистен

Од:

Со цел зголемување на свеста за лицата со Даунов синдром Центарот за младински активизам ЦМА КРИК вечер во Безистенот на Старата скопска чаршија организира забава, како дел од активностите во октомври – месец посветен на овие лица.

На забавата ќе бидат прикажани едукативни видеа и ќе се одржат квизови. – Поканет е секој кој сака заедно со нас да го прослави месецот октомври, велат од Центарот кои во изминатиот период спроведоа низа активности и на социјалните медиуми.

Даунов синдром е генетско нарушување. Менталниот развој кај лицата со Даунов може да биде од лесна до средна (умерена) попреченост. Малкумина од нив имаа тешка ментална попреченост. Застапеноста на Дауновиот синдром е 1 на 800 или 1.000 раѓања. Иако некои од физичките недостатоци не можат да бидат надминати, соодветната образование и грижа може да го подобри квалитетот на живот кај овие луѓе, така што овие лица уживаат во секојдневните активности исто како и сите останати. Тие уживаат да танцуваат, да се дружат, да пеат, да одат во училиште, соопштуваат од ЦМА КРИК.

Би можело да ве интересира

„Над брановите од животот“ со Марио и Стефан кои испраќаат важна порака на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Трисомија 21-Скопје“: Лицата со Даунов синдром да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството

Ана Ололовска

„Игри без граници“ за подигање на свеста за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

МТСП: Отворен е првиот Дневен центар за Даунов синдром

Ана Ололовска

Во Куманово одбележан Светскиот ден на лица со Даунов Синдром

Ана Ололовска

Креативна работилница за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска